10:00 AM

  1. en
  2. mk
  3. bg

 

 

Oвој проектот е кофинансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка  -  

Развој На Екосистем За Социјално Претприемништво - SEED

26 November 2020

Проект  “Развој на екосистем за социјално претприемништво“

 

На 26 и 27 Ноември, 2020 година во хотел „Сириус“ (конференциска сала) - Струмица со почеток од 10.00 часот ќе се одржи Завршна прекугранична конференција - "Предизвици и социјално влијание на

социјалното претприемништво во МК - БГ прекуграничниот регион" и истата истовремено ќе се одвива во Македонија и Бугарија со онлајн врска.

 

Целта на оваа конференција е да се информира пошироката јавност со сите активности реализирани со проектот, да се презентираат најуспешните социјални идеи преточени во бизнис планови, да ги обедини претставниците на јавните власти, бизнис секторот, училиштата, универзитетие, невладините организации, медиумите со цел да се подигне свеста за можностите на регионот за социјална економија и да се дискутира за предизвиците и перспективите на истата.

 

Во врска со ситуацијата предизвикана од ширењето на КОВИД-19, Завршната конференција ќе се одржи во согласност со сите анти-епидемиски мерки и препораки на овластените здравствени тела.

 

Завршна прекугранична конференција за социјално претприемништво е организирана во рамките на проектот „Развој на екосистем за социјално претприемништво“, што се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

 

За подетални информации може да не контактирате на:

телефон 034-349-320 или на e-mail:rcsr@t.mk

 

Го очекуваме Вашето присуство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Агенда за финална прекугранична конференција

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Покана за финална прекугранична конференција

 

Завршна прекугранична конференција

Оваа веб страница е направена со помош на Европската унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI No 2014TC16I5CB006  - . Содржината на оваа веб страница е одговорност единствено на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Струмица и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

SEED © 2022 • Сите права се задржани.