Корисни линкови
Интересно?
Oвој проектот е кофинансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка -
Развој На Екосистем За Социјално Претприемништво - SEED
Проектот ќе го стимулира градењето капацитети на социјалното претприемништво на млади и невладини организации и ќе го поттикне развојот на екосистемот и иновативните решенија за општествените предизвици во регионот.
Проектот го охрабрува индивидуалниот развој на младите и невладините организации преку инвестирање во луѓе, во нивните капацитети и креативност и им дава моќ да создаваат можност за работни места или сопствен бизнис, ги подобруваат нивните социјални вештини, нови интеракции и мрежа преку пренесување знаења и развој на вештини на младите и НВО за социјални иновации и претприемништво, ги стимулира за иновативно размислување и придонесува за развој во регионот и социјална кохезија, го поддржува вмрежувањето помеѓу нив а со тоа и конкурентноста во регионот. Процесот на развој на иновативни идеи за социјален бизнис и менторска поддршка ќе го стимулира развојот на нови социјални производи, услуги, технологии и способности за истражување и водење бизнис во социјалната економија, воведување на нови работни методи, подобро и поефикасно вмрежување. На долг рок, ова носи повеќе приходи што значи поголем раст и подобар животен стандард. Вклучените НВО ќе ги подобрат своите знаења и вештини за давање услуги за да се задоволат потребите на заедницата, да ги мобилизираат локалните ресурси и да бидат финансиски одржливи. Целото општество има корист од иновативни идеи и решенија на социјалното претприемништво и екосистемот кои се однесуваат на потребите на општествотo. Проектот за претприемничко опкружување за стартување или вработување во социјално претпријатие може да ги претвори сегашните клиенти на институциите за социјална поддршка во партнери кои активно се стремат кон подобрување на нивниот живот. Има смисла дека социјалната економија е едно решение за градење посилна, покохезивна Европа!
Целта на проектот е да придонесе за подигање на свеста за социјалното претприемништво преку зајакнување на довербата кај директните корисници и институции, градење посилни односи и мрежно поврзување, поттикнување на вработувањето во регионот преку меѓусебно поврзани активности во две главни насоки:
Интензивно со директни корисници (млади и невладини организации) за градење капацитети за социјално претприемништво
Заеднички напори на засегнатите страни (јавни власти, образовни и социјални институции, социјални претпријатија, деловни здруженија, поддржувачи на социјални бизниси и сл.) да ја подигнат свеста и да развијат екосистем за поддршка на социјалното претприемништво, социјални иновации и соработка.
1) Млади, ученици од средни и стручни училишта и студенти од универзитети,
2) Млади во неповолна положба, млади во ризик од социјална исклученост, неквалификувани лица, маргинализирани целини групи, млади од малцинства
3) Невладини организации,
4) Јавните власти и институции кои се занимаваат со социјални иницијативи и претприемништво,
5) Социјални претпријатија,
6) Деловни и едукативни организации, медиуми
Кампања за подигнување на свеста за социјалното претприемништво и собирање идеи
Воспоставување центри за социјално претприемништво
Работилница за екосистем за социјално претприемништво
Пренос на знаење и развој на вештини за социјално претприемништво
Камп за социјално претрпиемништво
Интензивно учење во ЕУ земја
Прекугранчен пазар за социјално претпримеништво
Прекугранична конференција за социјално претприемништво
Информации и публицитет
Поддржани заеднички иницијативи за стартување на бизнис и самовработување-Формирање на центри за социјално преториемништво
Број на учесници (поделени на мажи и жени) во поддржани иницијативи за обука и квалификација
Број на претпријатија кои добиваат нефинансиска поддршка
Поддржани иницијативи за економски развој и промоција на инвестициите
Број на мрежи за соработка
За пректот
Оваа веб страница е направена со помош на Европската унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI No 2014TC16I5CB006 - . Содржината на оваа веб страница е одговорност единствено на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Струмица и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.
SEED © 2022 • Сите права се задржани.