10:00 AM
Oвој проектот е кофинансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка -
Развој На Екосистем За Социјално Претприемништво - SEED
Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија - Струмица Ве поканува на Прв прекуграничен македонско – бугарски пазар за социјално претприемништво по проектот „Развој на екосистем за социјално претприемништво”, кој се имплементира во партнерство со Бизнис Инкубатор – Центар за поддршка на претприемништвото од Гоце Делчев- Р.Бугарија. Проектот е кофинансиран од ЕУ, преку Интеррег-ИПА Програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.С.Македонија – Р.Бугарија.
Настанот ќе се одржи на 19 и 20 Ноември, 2020 година (четврток, петок), во хотел „Сириус“(конференциска сала) - Струмица со почеток од 12.00 часот.
Целта на настанот е презентирање на 16 (8 македонски и 8 бугарски) социјални бизнис идеи пред потенцијалните инвеститори, социјални бизниси, институциите и организациите кои ги поддржуваат, како и засегнати страни- јавните власти, невладините организации, заедницата.
Го очекуваме Вашето присуство.
Агенда за прв прекуграничен пазар
Покана за прв прекуграничен пазар
Оваа веб страница е направена со помош на Европската унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI No 2014TC16I5CB006 - . Содржината на оваа веб страница е одговорност единствено на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Струмица и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.
SEED © 2022 • Сите права се задржани.